Достапни линкови

Продолжена вонредната состојба за нови 14 дена


Архива - претседателот Стево Пендаровски.

Претседателот Стево Пендаровски по четврти пат донесе одлука за продолжување на вонредната состојба во земвава за нови 14 дена поради здравствената криза со коронавирусот.

По завршувањето на денешната седма седница на Советот за безбедност во претседателската „Вила Водно“, Пендаровски изјави дека на средбата се дискутирало за мерките и активностите во изминатите 14 дена за време на траењето на вонредната состојбата, но и за активностоте на Владата и на другите надлежни органи.

„Имајќи го ве предвид последниот развој на настаните и зголемениот број на заразени и починати лица во текот на денешниот ден, ќе донесам одлука за прогласување на нови 14 дена вонредна состојба која ќе започне да тече од утре“, изјави Пендаровски.

Претходната двонеделна вонредна состојба Пендаровски ја прогласи на 15 мај.

XS
SM
MD
LG