Достапни линкови

Трамп: Кина ја задушува слободата на Хонгконг


Вашингтон- претседател на САД Доналд Трамп доаѓа на прес конференција во Белата куќа, 29.05.2020

Претседателот на САД Доналд Трамп ја обвини Кина за „задушување“ на слободата на Хонгконг и објави серија на американски одговори против Пекинг во време на зголемени тензии меѓу двете сили.

Зборувајќи на прес конференцијата во Белата куќа денеска Трамп рече дека и наредил на неговата администрација да почне со отстранување на специјалниот трговски статус со Хонгконг по американските закони бидејќи Кина воспостави безбедносен закон со кој територијата повеќе не е автономна. Потегот следува откако во Кина помина планот за воспоставување на нов национално безбедносен закон во Хонгконг, со кој Трамп вели дека го прави азискиот финансиски систем „недоволно автономен“.

Претседателот на САД рече развојот на ситуацијата во Хонгконг е еден на долгата листа на кинески изневерени очекувања и дека тоа е трагедија за луѓето во Хонгконг, луѓето во Кина и за луѓето во светот.
Трамп додаде дека елиминирањето на специјалниот статус на Хонгконг ќе се одрази врз екстрадицијата, контролата на извозот, технологијата и нејзиниот третман како одвоена територија од Кина.

Тој исто така објави дека САД ќе воспостават санкции за индивидуалци кои се сметаат за одговорни за поткопувањето на слободата на Хонгконг и дека на кинеските студенти ќе им биде забрането да студираат во САД.

Како што јавува агенцијата Ројтерс, Трамп на прес конференцијата рече и дека ги прекинува американските односи со Светската здравствена организација поради нејзиното справување со коронавирусот, наведувајќи дека СЗО станала марионетска организација на Кина.

XS
SM
MD
LG