Достапни линкови

ОТА - невистинити се тврдењата на министерот Чулев


Илустрација

Оперативно-техничката агенција целосно ги отфрла како невистинити информациите за непримена на одредбите од Законот за Оперативно-техничка агенција, кои беа изнесени од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

„ОТА, во согласност со своите законски надлежности утврдени во членовите 2 и 3 од Законот за ОТА, дејствувајќи како посреднички орган обезбедува технички премин и врска меѓу операторите и овластените органи заради спроведување на следењето на комуникациите врз основа на судска наредба во согласност со Законот за следење на комуникациите и без пристап до содржината на следната комуникација“, се вели во соопштенито од ОТА.

Системот за следење на комуникации, информираат од ОТА, е поставен така што единствена посредничка улога за поврзување меѓу операторите овластените органи има ОТА, при што пристапот до овластените органи МВР и АНБ, се остварува преку посебни директни мрежни конекции од своите објекти до активната мрежна опрема во согласност на МВР и во просторот на МВР каде се сместени двете институции.

Министерот Чулев денеска објави до Основното јавно обвинителство доставил поднесок со кој бара да се спроведе истрага во Агенцијата за национална безбедност дали е целосно елиминирана техничката можност од евентуален увид во кривичните истраги кои се спроведуваат од страна на Министерството за внатрешни работи. Тој обвини и дека се крши законот за ОТА и Законот за следење на комуникации.

Од АНБ веднаш демантираа дека не располагаат ниту со опрема за прислушување, ниту со медијациски уреди за активирање и дека обвинувањата на Чулев „се тенденциозни“.

Препорачано

XS
SM
MD
LG