Достапни линкови

Конференцијата за климата на ОН во ноември 2021 година


илустрација

Конференцијата за климата на ОН која се смета за круцијална во борбата против климатските промени, што требаше да се одржи во ноември годинава во Глазгов, е одложена за една година заради пандемијата на ковид-19. Митингот веќе беше одложен на неодредено време во април поради пандемијата. Според британскиот весник „Гардијан“ првично се сметало дека самитот може да се организира во првите три месеци од 2021 година. Околу 30.000 луѓе, меѓу кои и 200 шефови на влади и држави, требаше да присуствуваат на 11-дневниот митинг, клучен во обидот да се ограничи зголемувањето на глобалното зголемување на температурата.

По Австрија, уште пет членки на ЕУ без јаглен до 2025 година

Договорот од Париз, потпишан во 2015 година, предвидува ограничување на глобалното затоплување на климата на под два, односно 1,5 Целзиусови степени. Како и да е, светот е далеку од таа цел, Земјата е веќе еден степен потопла отколку во пред-индустриската ера, што доведува до зголемување на бројот на климатските катастрофи.

XS
SM
MD
LG