Достапни линкови

Тачи ја поздрави одлуката на Уставниот суд


Косовскиот претседател Хашим Тачи

Косовскиот претседател Хашим Тачи ја поздрави одлуката на Уставниот суд со која се потврдува дека има право да го наименува Авдулах Хоти за премиер на Косово. „Ја поздравувам одлуката на Уставниот суд во врска со уставното разгледување на мојот указ за мандатот на Хоти за премиер. Убеден сум дека секој чекор што го презедов беше во целосна согласност со Уставот на Косово и се радувам што Уставниот суд го потврди“, рече тој. Тачи додаде дека политичките партии и сите институции мора да покажат „политичка зрелост, почитување и посветеност на законот и редот и институциите на Република Косово“.

Претходно околу 2.000 луѓе се собраа вчера на „протестна проба“, организирана во Приштина од владејачкото движење Самоопределување со повик за предвремени парламентарни избори. Митингот на плоштадот Скендербег мина мирно, а заврши со излегување на вршителот на должноста премиер Албин Курти на балконот на зградата на Владата на Косово, од каде што ги поздрави учесниците кои извикуваа: „Ние сакаме избори!“, „Избори да, крадци не!“.

XS
SM
MD
LG