Достапни линкови

Авиони на САД над Скопје ќе го поздрават македонското членство во НАТО


Македонско знаме и знаме на НАТО

Американски воени авиони денеска со прелет над Скопје ќе го поздрават членството на Република Северна Македонија во НАТО, информираат од Министерството за одбрана. Прелетот ќе се реализира околу 11:20 часот.Два авиона на американското воено воздухопловство придружувани од два воени авиона на Република Грција, ќе извршат прелет над територијата на Република Северна Македонија. Прелетувањето ќе биде во чест на нашето членство во НАТО. Авионите ќе летаат долж реката Вардар, а ќе дојдат од правец на скопскиот аеродром, велат од МО.

Поштенска марка „Македонија во НАТО“

Американските авиони, како што е соопштено, полетале вчера од сојузната држава Јужна Дакота на 30 часовен непрекинат лет со полнење гориво во воздух. Доколку временските услови го озвозможат тоа, заинтересираните граѓани ќе можат да го набљудуваат прелетот на американските авиони и авионите придружници од грчката воена авијација над Скопје. Авионите над нашата земја ќе летаат на височина од 1.500 метри и нивниот прелет ќе биде проследен со силен звук.

Препорачано

XS
SM
MD
LG