Достапни линкови

Чулев: АНБ незаконски се уште може технички да прислушува


Наќе Чулев

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, на денешната прес-конференција ја обвини Агенција за национална безбедност, односно поранешната УБК, дека ја задржала техничката можност за следење на комуникациите, што според него е прекршување на законите и препораките на Прибе.

Тој рече дека нема информација дали АНБ во моментов врши незаконско прислушување, но побара од Јавното обвинителство по допрен глас да истражи кој е одговорен и зошто две години не е воспоставена директна техничка комуникација меѓу Министерството за внатрешни работи и Оперативно-техничката агенција.

„Констатирано е фрапантно кршење на законите. Поранешната УБК, а сега АНБ, се уште ја има задржано посредничката улога, во системот за следење на комуниукациите што во суштина значи дека сѐ уште постои техничка можност АНБ да има увид во следењето на комуникациите кои се спроведуваат за потребите на кривичните истраги спроведувани и во надлежност на МВР“, рече Чулев.

Тој додаде дека денеска испратил писмен акт до директорот на Оперативно-техничката агенција, а ќе испрати и информаација до Владата за, како што рече, „монополот на АНБ за следење на комуникациите“.

Препорачано

XS
SM
MD
LG