Достапни линкови

„Пошта“ со милионска загуба плаќала менаџерски осигурувања


АД „Пошта“

Заклучно со 31 декември 2018 година, АД „Пошта“ има загуба од 10 милиони евра, но и покрај тоа било платено менаџерско осигурување преку осигурителна компанија вредно 45 илјади евра, соопшти Државниот завод за ревизија.

Според извештајот, за 7 директори во АД „Пошта“, кои истовремено го сочинуваат и Управниот одбор и Надзорниот одбор, платено е менаџерско осигурување за период од 1.04.2018 до 1.04.2019 година во вкупен износ од 2.760.000 денари, или околу 45.000 евра.

„Со полисите за осигурување, при настанување на осигурителни случаи, се предвидени исплати на оштета на осигурените лица. Во услови да не настанат договорените случаи на осигурани настани, платениот износ на премијата на осигурување, во процент од 89,5, се исплатува на сметка на осигурениците, наместо на сметка на поштата која извршила плаќање на премијата на осигурување“, пишува во ревизоркиот извештај.

Ревизорите одговорноста за овој ревизорки извештај ја лоцираат кај Фадис Реџепи, генерален директор и претседател на УО од 1.09 2014 до 31.08. 2018, и кај Ејуп Рустеми, кој е генерален директор и претседател на УО од 1.09.2018 година.

Ревизорите велат дека утврдиле и други неправилности, меѓу кои делење бонуси и вработување на среднисти на место што е предвидено за вишо или високо образование. Тоа, велат ревизорите, е направено согласно колективен договор, кој пак е во спротивност со Законот за работни односи.

XS
SM
MD
LG