Достапни линкови

Мицкоски: Владата ќе го задолжи секое семејство за 1.500 евра


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

По шеесет и шест дена рестриктивни мерки во државата имаме полоша здравствена и економска состојба од таа која ја имавме на моменти кога се воведуваа овие мерки. Ова подразбира дека системот не функционира, а владата не ги презема најефикасните методи за заштита на стандардот и здравјето на граѓаните, обвини денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Денес нема да зборувам за здравствената состојба тоа ќе го препуштам на стручните лица од таа област. Но ќе говорам за економијата каде добиваме се позагрижувачки податоци. Од она што досега можеме да видиме е дека со првите два пакети на мерки не се помогна на бизнисот. Тие мерки се недоволни. Ненавремено преземени, а сето ова го потврдуваи слабата половична и потпросечна искористеност. Владата на Заев до крајот на годината ќе го задолжи секое семејство за 1.500 евра, а сега делат ваучери од 150 евра поткуп кој не може да го исплатат“, рече Мицкоски.

XS
SM
MD
LG