Достапни линкови

Усвоени договорите за ФРОНТЕКС со Србија и Црна Гора


Полицајци на Фронтекс.

Советот на Европска унија денеска ги усвои договорите склучени со Белград и со Подгорица за гранична соработка меѓу овие две земји и европската гранична и крајбрежна агенција, позната како ФРОНТЕКС, јави дописничката на МИА од Брисел.

Целта на овие договори е да им се помогне на земјите од Западен Балкан да управуваат со „мигрантските текови“ долж така наречената балканска рута и да се справат со „нелегалната миграција“ како и со граничниот криминал.

Договори се склучени со речиси сите земји од регионот, но не се сите усвоени засега.

Соработката со ФРОНТЕКС подразбира заеднички операции и распоредување на екипи на европската агенција во балканските подрачја што се граничат со ЕУ.

Договорот со Црна Гора ќе стапи во сила на први јули, додека договорот со Србија сѐ уште се финализира. Договорите не можат да стапат во сила додека не се одобрени од двете страни.

Албанија беше првата земја која склучи договорот со ФРОНТЕКС минатата година и одржа заедничка операција во мај 2019 година.

Босна и Херцеговина и Северна Македонија имаат договори, но тие сѐ уште не се финализирани.

XS
SM
MD
LG