Достапни линкови

14 оздравени, 16 новозаразени и 3 починати


Институтот за јавно здравје во последното деноночие, во целата држава, регистрирал 14 оздравени пациенти, во Скопје 3 и во Тетово 11, а на Клиниката за инфективни болести почина пациентка од Велес (78), хоспитализирана на 14 мај, додека во ГОБ „8 септември“ починале пациент од Тетово (84), примен во болница на 20 мај и пациентка од Скопје (76) примена на 19 мај, соопшти Министерството за здравство.

„Во последните 24 часа направени се 314 тестирања, а регистрирани се 16 нови случаи на ковид-19, од кои во Скопје 9, Штип 5, Струга 1 и во Гостивар 1. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2014, бројката на оздравени пациенти е 1453, на починати е 116, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 445“, соопшти МЗ.

Досега во земјата се направени вкупно 25841 тестирања на ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 169 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

„Во однос на вкупниот број заболени воочен е технички превид при евиденција кај еден од тестираните во рамки на скринингот и согласно исправката направена е корекција на вкупната статистика. Вработената во геронтолошкиот завод во Скопје е негативна на вирусот и досега, освен два позитивни резултати во градинка во Битола и Скопје, не се регистрирани други позитивни случаи преку скрининг“, соопшти МЗ.

XS
SM
MD
LG