Достапни линкови

Донирањето органи може да продолжи нечиј живот


Вештачко срце - илустрација
Вештачко срце - илустрација

Насер Мустафи од Тетово кој има 44 години, по десет години лекување сега мора да добие срце по пат на трансплантација за да продолжи да живее. Во меѓувреме користи пумпа за срцето, со која вели дека тешко се живее. Од здружението „Храбро Срце“ се обидуваат да ја сензибилизираат јавноста за поголема прифатливост на донирањето органи. Минатата недела во Скопје беше изведена првата трансплатација на срце од починат донор.

Ослабувањето на срцевиот мускул е причината и болеста поради која 44 годишниот Насер Мустафи од Тетово по десет години лекување со медикаменти, сега мора да добие срце по пат на трансплантација за да продолжи да живее. Над една година веќе, за нормално функционирање на срцето користи пумпа кое е само привремено решение додека е на листата на чекање за трансплантација од компактибилен донор.

Животот со ваква пумпа е тежок, па Насер на пример не ни може да се бања како секој човек, а одење на море е невозможно.

„Планинскиот дел е добар. Морето во никој случај. Бањањето е многу тешко. Се бањаш на делови. Имаш еден кабел во стомак, секогаш е со изолир, со завој, никогаш не е чисто. Замисли една рана што никогаш не се затвора“, вели Насер.

Срцевата болест е причина уште од своите 30-ти години да биде во пензија.

„Мислам дека треба да биде една трансплантација на срце. Не само на мене туку на секого, особено на тие на млади години. Тешко е, нон стоп со додаток на електрична енергија. Тешко е да објасни, а многу е потешко кога го имаш, да го носиш со себе и да го чуваш. Се појавуваат други болести, се појави шеќерот, се појави излив на мозок. Со слабото срце сè се појавува. Последици други“, рече Насер.

Членовите на Здружението на пациенти со механичка циркулаторна потпора на работата на срцето и нивните поддржувачи „Храбро Срце“ се обидуваат да ја сензибилизираат јавноста за поголема прифатливост на донирањето органи. Има осум органи од човековото тело кое по смртта може да се донираат и да спасат живот на некој друг. Луѓето не ни знаат за ваквите можности, вели Марија Чиков од Здружението.

„Во Македонија си постои закон за трансплантација. Но 90 отсто не се информирани дека постои закон за трансплантација и дека секој граѓанин е потенцијал донор. Затоа е потребна една национална кампања за подигнување на свеста за донирање на органи. Секој граѓанин е потенцијален донор, освен ако во текот на животот изјави дека по смртта не сака биде донор. На оваа тема се зборува во кругот на семејството зошто по нечија смрт одлуката ја носи фамилијата, дали ќе донира или не“, потенцира Марија.

Успешна првата трансплатација на срце од починат донор

Моментно 23 лица чекаат трансплантација на срце. Двајца го изгубиле животот поради Ковид19.

Минатата недела во Скопје беше изведена првата трансплатација на срце од починат донор. Потоа два бубрега од истиот донор беа трансплантирани кај двајца пациенти со хронична бубрежна слабост кои со години беа на дијализа.

XS
SM
MD
LG