Како од остани дома до биди безбеден по олабавување на мерките
Како од остани дома до биди безбеден по олабавување на мерките
Герила акција за држење растојание поради корона
Остани дома беше акцијата со кој луѓето низ целиот свет покажуваа колку е важно да се почитуваат мерките за да се запре ширењето на коронавирусот. Но по олабавување на мерките, епидемиолозите советуваат како од досегашното остани дома да се прилагодиме на остани безбедно при враќањето во нормала.
Најбезбедното однесување кое секој индивидуалец може да го направи за време на пандемијата со Ковид-19 е да се однесува како и во изминатите два месеци – да остане дома за да избегне можност од заболување или ширење на вирусот додека не биде откриен ефективен третман или вакцина.
Но со укинување на рестрикциите експертите, епидемиолозите и лидерите во светот се пред предизвикот како безбедно да се врати животот во нормала.
Сите сакаат повторно да одат на работа, да седнат во ресторан, да гледаат спортски натпревар, децата да одат во училиште, но и да ги видат своите најблиски.
Не можеме да чекаме се да биде совршено пред да почнеме со враќање во нормала, но затоа можеме да се подготвиме за од фазата остани дома да стигнеме до фазата остани безбедно по завршување на карантинот, велат епидемиолозите.
„Има една поларизација помеѓу двете спротивставени опции на остани дома до неопределено време наспроти враќањето во нормала. Идејата за намалување на опасноста ни помага да размислуваме за ризикот како постојан и продолжен и за тоа како да најдеме заеднички именител за овие две опции“, вели Џулија Маркус епидемиолог од Харвард, пренесува Вокс.
И до сега епидемиолозите и стручните лица апелираа како безбедно да се однесуваме за време на пандемијата – да миеме раце, да избегнуваме допирање на лицето и да одржуваме потребно растојание. За понатамошна заштита од заболување или ширење на вирусот по укинување на мерките, експертите имаат прагматични препораки.
„Тие се одраз на фактот дека вирусот ќе остане меѓу нас подолго време додека не се открие вакцина. Луѓето ќе најдат начин како да живеат со него. Тие начини ќе бидат различни за секој човек, според нивната проценка за ризикот по нив“, смета Амеш Адаја, истражувач од Центарот за безбедност на здравјето при Џонс Хопкинс универзитетот.
Затоа, многу е важно истовремено луѓето да бидат и многу информирани за кои се ризиците и како да се минимизираат, додава тој.
Останете на отворено
Експертите постојано повторуваат - ако не можете да седите дома, барем седете на отворено.
Коронавирусот се пренесува преку воздушни капки и капки кои се задржуваат на површини кои луѓето ги допираат и на тој начин вирусот останува на нивните раце. Надвор, можноста за пренесување е помала.
Прво, бидејќи на отворено е многу потешко капките да стигнат од еден до друг човек.
Второ, многу е полесно да се одржува растојанието на отворено.
Трето, постојат, иако ограничени, докази дека сончевото, топло и влажно време ја намалува можноста за ширење на вирусот. Сепак, топлото време не значи и убивање на вирусот како што се потврди во Еквадор, Сингапур и други земји каде времето е потопло.
Па така ако сакате да се видите со пријателите договорете се тоа да биде на отворено и во помали групи. Ако сакате да одите во ресторан, седнете на терасата. Ако сакате да вежбате наместо одење во затворена сала за тренинг, почнете да трчате.
Одржувајте добри хигиенски навики
Милиони пати слушнавме дека треба често да ги миеме рацете и да избегнуваме да си го допираме лицето. Но тоа е уште поважно за оние кои често се надвор од својот дом.
Има многу насоки за како да научиме да избегнуваме допирање на лицето. Тие можат да бидат и многу непријатни и да не делуваат поради строгите навики на луѓето, но се клучни бидејќи коронавирусот се шири преку фаќање на површини на кои вирусот се задржал и потоа преку допирање на очите, устата и носот го пренесуваме на нас.
Миењето раце некогаш изгледа невозможно секогаш кога сме надвор, но затоа се препорачуваат и средствата за дезинфекција кои содржат алкохол и се сметаат за корисни за намалување на рикот од пренесување на вирусот.
Носете маска
Постојат многу различни пораки за тоа колку носењето маска може да заштити и каква треба да биде маската за да може да овозможи заштита од Ковид-19.
Точно е дека истражувањата поврзани со маските не се најбројни или најдобри но сепак нудат и докази – се додека луѓето ги носат и употребуваат на правилен начин тие имаат ефект во намалување на пренесување на болеста.
Некои експерти велат дека носењето маски одиграло голема улога во запирањето на ширењето на Ковид-19 во Јужна Кореа и во Јапонија каде што нивната употреба беше широко распространета.
Маските не се начин за заборавање на претходниот совет, а тоа е одржување на хигиена. Тоа значи да се фрлат веднаш маските кои се за еднократна употреба и да се измијат оние за повеќе употреби. И најважно, покрај избегнување на допирање на лицето обидете се што помалку да ја допирате и маската.
Тоа е ризикот на близок и продолжен контакт. Човек кој со трчање поминува покрај вас за една секунда нема да ви го пренесе вирусот. Но доколку сте на помало растојание од 2 метри за подолго време, особено неколку часа, тоа може да биде опасно.
„Тоа се двете варијабли за кои најмногу треба да се грижиме а тоа е одржувањето на растојание со лице кое може да биде болно и времето поминато со него“, вели Кристал Ватсон, истражувач во Центарот за безбедност на здравјето на Џонс Хопкинс универзитетот.
„Новата нормалност“ во ерата на ковид-19
1/24Луѓе како вежбаат физичко дистанцирање во бели кругови, за време на пандемијата со „ковид-19“ на 17.05. во Бруклин, Њујорк.
Преглед на физичкото дистанцирање и другите мерки што го обликуваат секојдневниот живот во земјите ширум светот, откако почнаа да се олеснуваат ограничувањата заради ковид-19.
2/24Ученици седат зад заштитни бариери како превентивна мерка против ковид-19, во средно училиште во Јужна Кореа на 20.05.2020 година. Стотици илјади јужнокорејски студенти се вратија на училиште на 20 мај, бидејќи образовните институции започнаа со повторно отворање по повеќе од два месеца.
Преглед на физичкото дистанцирање и другите мерки што го обликуваат секојдневниот живот во земјите ширум светот, откако почнаа да се олеснуваат ограничувањата заради ковид-19.
3/24Жена носи капа со напис „Ова е капа од еден метар. Ве молам, оддалечете се" ’додека шета пво Париз, Франција, 11 мај 2020 година. Франција започна постепено да ги олеснува мерките за ограничување.
Преглед на физичкото дистанцирање и другите мерки што го обликуваат секојдневниот живот во земјите ширум светот, откако почнаа да се олеснуваат ограничувањата заради ковид-19.
4/24Наздравување со пива преку пластична табла инсталирана како мерка за спречување на инфекција со коронавирусот кај Кичири Шинџуку, јапонски стил на паб, познат како „изокаја“, во Токио, Јапонија, 19 мај 2020 година.
Преглед на физичкото дистанцирање и другите мерки што го обликуваат секојдневниот живот во земјите ширум светот, откако почнаа да се олеснуваат ограничувањата заради ковид-19.
5/24Луѓе кои носат маска за лице присуствуваат на утринска миса во црквата Сан Бјаџо и Санта Марија Имаколата на 20.05 2020 година во Кодоно, југоисточно од Милано, едно од селата на епицентарот на епидемијата на коронавирус во февруари.
Преглед на физичкото дистанцирање и другите мерки што го обликуваат секојдневниот живот во земјите ширум светот, откако почнаа да се олеснуваат ограничувањата заради ковид-19.
6/24Проверка на температурата на еден патник откако владата ги олесни рестриктивните мерки на коронавирус, во Карачи, Пакистан, на 20 мај 2020 година. Неколку држави низ целиот свет започнаа да ги олеснуваат ограничувањата на пандемијата за заклучување на пандемијата ковид-19 во обид да ги рестартираат своите економии и да им помогнат на луѓето во нивните секојдневни рутини по избувнувањето на пандемијата на коронавирус.
Преглед на физичкото дистанцирање и другите мерки што го обликуваат секојдневниот живот во земјите ширум светот, откако почнаа да се олеснуваат ограничувањата заради ковид-19.
7/24Ученичка од основното училиште „Сент-Кроа“ работи на нејзиното биро обележано со лента за да се обезбеди безбедно растојание.
Преглед на физичкото дистанцирање и другите мерки што го обликуваат секојдневниот живот во земјите ширум светот, откако почнаа да се олеснуваат ограничувањата заради ковид-19.
8/24Фотографија од британскиот парламентот покажува како пратениците присуствуваат на седница на Долниот дом за прашања до премиерот на 20.05.2002 година.
Преглед на физичкото дистанцирање и другите мерки што го обликуваат секојдневниот живот во земјите ширум светот, откако почнаа да се олеснуваат ограничувањата заради ковид-19.
9/24Поздравување на учениците додека пристигнуваат во средното училиште Кијунбок во Сеул на 20 мај 2020 година.
Преглед на физичкото дистанцирање и другите мерки што го обликуваат секојдневниот живот во земјите ширум светот, откако почнаа да се олеснуваат ограничувањата заради ковид-19.
10/24Ентузијасти во теретаните одржуваат растојание едни од други во CrossFit Arena Bangkok, за време на нивната прва недела од повторното отворање на овие центри.
Преглед на физичкото дистанцирање и другите мерки што го обликуваат секојдневниот живот во земјите ширум светот, откако почнаа да се олеснуваат ограничувањата заради ковид-19.
11/24Полициски службеник гледа на QR-кодот на паметен телефон на патник за време на проверка на лична карта на станицата „Планернаја“ во московското метро на 15 април во Москва, Русија. Според системот за дигитални дозволи, воведен од московската влада, кој стана задолжителен од 15 април, луѓето треба да аплицираат за дозволи за патување со јавен превоз или возило низ градот.
Преглед на физичкото дистанцирање и другите мерки што го обликуваат секојдневниот живот во земјите ширум светот, откако почнаа да се олеснуваат ограничувањата заради ковид-19.
12/24Луѓе стојат на одбележани места на станица во Ница, Франција.
Преглед на физичкото дистанцирање и другите мерки што го обликуваат секојдневниот живот во земјите ширум светот, откако почнаа да се олеснуваат ограничувањата заради ковид-19.
13/24Аеродромот „Фиумичино“ во Рим Италија со посебни мерки за проверка на патниците.
Преглед на физичкото дистанцирање и другите мерки што го обликуваат секојдневниот живот во земјите ширум светот, откако почнаа да се олеснуваат ограничувањата заради ковид-19.
14/24Членови на екипажот на летот на „Ер Франс“ кои носат заштитни маски за лице, дистрибуираат маски за лице на патниците на аеродромот Шарл де Гол во Париз.
Преглед на физичкото дистанцирање и другите мерки што го обликуваат секојдневниот живот во земјите ширум светот, откако почнаа да се олеснуваат ограничувањата заради ковид-19.
15/24Патници на летот за Нур-Султан седат во авион пред полетувањето на меѓународниот аеродром Алмати, Казахстан, 1 мај 2020 година.
Преглед на физичкото дистанцирање и другите мерки што го обликуваат секојдневниот живот во земјите ширум светот, откако почнаа да се олеснуваат ограничувањата заради ковид-19.
16/24Луѓе кои носат заштитни ракавици ги користат своите паметни телефони во Киев, Украина на 13.05.2002 година.
Преглед на физичкото дистанцирање и другите мерки што го обликуваат секојдневниот живот во земјите ширум светот, откако почнаа да се олеснуваат ограничувањата заради ковид-19.
17/24Ученички од Централната католичка гимназија во Алентаун во матурски фустани одржуваат физичка оддалеченост додека нивните мајки ги фотографираат, откако нивната матурска вечер беше откажана во Алентаун, Пенсилванија, САД. 14 мај 2020 година.
Преглед на физичкото дистанцирање и другите мерки што го обликуваат секојдневниот живот во земјите ширум светот, откако почнаа да се олеснуваат ограничувањата заради ковид-19.
18/24Средношколци влегуваат во училиште, почитувајќи ги мерките за физичко растојание на 18 мај 2020 година во Албанија. Албанија постепено ги напушта своите мерки за заклучување,
Преглед на физичкото дистанцирање и другите мерки што го обликуваат секојдневниот живот во земјите ширум светот, откако почнаа да се олеснуваат ограничувањата заради ковид-19.
19/24Ученичка во Монтреал, Квебек, Канада, на 11 мај 2020 година.
Преглед на физичкото дистанцирање и другите мерки што го обликуваат секојдневниот живот во земјите ширум светот, откако почнаа да се олеснуваат ограничувањата заради ковид-19.
20/24Кукли поставени да обезбедат сфизичко растојание во ресторан во Вилнус, Литванија, 21 мај 2020 година. Во Вилнус, на кафулињата и рестораните им е дозволено да прифаќаат клиенти во затворен простор, меѓутоа, под строги правила за физичко растојание.
Преглед на физичкото дистанцирање и другите мерки што го обликуваат секојдневниот живот во земјите ширум светот, откако почнаа да се олеснуваат ограничувањата заради ковид-19.
21/24Столчиња поставени на плажа во израелскиот медитерански крајбрежен град Тел Авив.
Преглед на физичкото дистанцирање и другите мерки што го обликуваат секојдневниот живот во земјите ширум светот, откако почнаа да се олеснуваат ограничувањата заради ковид-19.
22/24Луѓе практикуваат физичко дистанцирање во лифт пред да пристигнат на своите работни места во Светскиот трговски центар, откако владата објави дека приватните и државните компании ќе ги отворат своите канцеларии по скоро два месеца заклучување во Коломбо, Шри Ланка, 11.05.2008 година.
Преглед на физичкото дистанцирање и другите мерки што го обликуваат секојдневниот живот во земјите ширум светот, откако почнаа да се олеснуваат ограничувањата заради ковид-19.
23/24Луѓе ручаат во ресторан со пластични бариери и мерки за физичко растојание за да се спречи ширењето на ковид-19 во Бангкок, Тајланд, 08.05.2002 година .
Преглед на физичкото дистанцирање и другите мерки што го обликуваат секојдневниот живот во земјите ширум светот, откако почнаа да се олеснуваат ограничувањата заради ковид-19.
24/24Кино на отворено во Мекхенри, Илиноис, САД, на 08. мај 2020 година.
Преглед на физичкото дистанцирање и другите мерки што го обликуваат секојдневниот живот во земјите ширум светот, откако почнаа да се олеснуваат ограничувањата заради ковид-19.
Previous slide
Next slide
Тоа важи доколку сме на отворено. Иако седењето на отворено е многу помалку опасно од седењето на затворено треба да избегнуваме паркови или места со многу луѓе. Луѓе кои не живеат заедно едноставно не треба да се собираат во големи групи без разлика дали тоа се однесува за внатре или за надвор.
Избегнувањето на места каде што има гужви ќе ве заштити вас, но и другите кои мора да бидат на такви места. Таков е случајот на пример со употребата на јавниот превоз. Доколку можете одете со велосипед или пешачете со цел да не се загрозуваат луѓето кои мора да го користат јавниот превоз.
Избегнувајте допирање на површини
Бидејќи еден од начините на заразување е преку допир на површини на кои се задржува вирусот, најдобар начин за заштита е да избегнувате да допирате површини кои ги допирале многу луѓе.
Тоа се однесува и доколку сте на отворено. Такви површни се клацкалки, лизгалки, клупи. Тоа не значи дека не треба да сенете, но доколку сте во можност пребришете ја клупата пред да го направите тоа. Доколку живеете во зграда или користите јавен превоз обидете се да допирате што помалку површини.
Планирајте добро сè што правите надвор од вашиот дом
Кога излегувате од дома за да одите на работа или за да одите во продавница или едноставно поради тоа што не можете повеќе да седите дома направете план колку често и во кои размери ќе го правите тоа.
Доколку одите во набавка на намирниници направете список што сè ви е потребно и што сè можете да купите одеднаш со цел да избегнете често одење во продавница.
Ова се однесува и на гледање со пријатели. Доколку сте се сретнале со некои пријатели неодамна, најдобро е да направите пауза од неколку денови пред да се сретнете со друга група на пријатели. Две недели би било идеално време бидејќи тоа е поклопува со периодот на инкубација на коронавирусот.
Направете „затворен круг“ со одредени пријатели и семејството
Ова е особено важно за лицата кои живеат сами и кои може да се многу осамени во изминатиот период. „Затворен круг“ значи да одберете пријател или член од семејството со кој ќе се гледате често но кој исто така нема контакти со многу луѓе.
Сепак некои експерти се спротивставуваат и на затворен круг пријатели бидејќи не сите луѓе се придржуваат до договорот целосно и тој круг може да донесе само лажно чувство на безбедност.
Илустрација
Има луѓе кои покрај состаноци на Скајп, Зум и преку другите платформи за комуникација сакаат да се дружат со луѓе во живо.
„Овие луѓе страдаат во изолација. Со цел да не се продолжи оваа состојба со месеци или со години, мора да најдеме начин како да се комуницираме, а да го сведеме ризикот на минимум, и да им овозможиме на луѓето да си го живеат животот“, вели епидемиологот Маркус.
За да се намалат евентуалните ризиците од непочитување или недоверба на затворениот круг следете ги советите наведени погоре среќавајте се на отворено, носете маски, одржувајте хигиена и растојание.
Доколку сте во ризична група, бидете уште повнимателни
Постарите, хронично болните, луѓето кои имаат астма, дијабетес, прекумерна тежина се групи кои имаат поголем ризик од компликации од Ковид-19.
Експертите препорачуваат овие групи да ги следат препораките но да бидат уште попретпазливи и од тоа. Тоа значи уште почесто миење на рацете, одржување на поголемо растојание од 2 метри, излегување од дома еднаш неделно и така натака.
„Но луѓето ќе преземат ризик и покрај препораките. Затоа најдобро што можеме да направиме е да им понудиме стратегија за да го намалиме ризикот за нив во ваквите ситуации. Доколку не го направиме тоа пропуштаме шанса да ги заштитиме“, вели епидемиологот Маркус.