Достапни линкови

СЕ: Можно зголемување на биотероризмот по пандемијата


Советот на Европа предупреди за евентуално зголемување на употреба на биолошко оружје, како што се вируси или бактерии, во пост-коронавирусниот свет. Експерти за безбедност при Советот за Европа денеска истакнаа дека глобалната здравствена криза може во иднина да ја зголеми употребата на биолошко оружје од страна на терористи.

„Пандемијата на Ковид-19 покажа колку е ранливо современото општество кон вирусни инфекции и нивни ефекти, се наведува во соопштение на Комисијата за борба против тероризмот при Советот на Европа“.

Според експертите, нема причина да се верува дека терористичките групи ќе ги заборават поуките од оваа пандемија, додавајќи дека „штетите ќе бидат брзи и потенцијално глобални”.

XS
SM
MD
LG