Достапни линкови

Трамп: знамињата на половина копје за жртвите од Ковид-19


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп реши да бидат спуштени знамињата на половина копје во сеќавање на жртвите на коронавирусот во Соединетите држави. „Знамињата на федералните згради и националните споменици ќе бидат спуштени на половина копје во наредните три дена во спомен на Американците кои ги изгубивме заради коронавирусот“, напиша американскиот претседател на Твитер.

Броење на мртвите: различно прикажување на смртноста од коронавирусот

Во Соединетите држави во претходните 24 часови починале 1.255 луѓе од ефектите на коронавирусот, покажуваат податоците на универзитетот Џонс Хопкинс. Вкупниот број на жртви во земјата се искачи на 94.661, а потврдено е дека 1.576.542 лица биле заразени со вирусот од почетокот на пандемијата.

XS
SM
MD
LG