Достапни линкови

Путин го одликуваше Шојгу со орден од прв степен


Архивска фотографија - Владимир Путин, Сергеј Шојгу и владиката Кирил

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ со кој на министерот за одбрана Сергеј Шогу му додели Орден од прв степен за заслуги за татковината со мечеви, објави Кремљ.

„Претседателот му го честиташе на министерот Шојгу неговиот 65. роденден и потпиша указ за доделување на Орден за заслуги за татковината од прв степен со мечеви“, се вели во соопштението.

Сергеј Шојгу е роден на 22.мај 1955 година, во градот Чадан во регионот Тува. Од 1991 до 1994 година, тој беше претседател на Државната комисија за цивилна одбрана, вонредни состојби и помош при катастрофи. Од 1994 до 2012 година, Шојгу беше министер за вонредни ситуации.

Помеѓу 11 мај и 6 ноември, тој беше губернатор на Московската област. На 6 ноември 2012 година тој беше назначен за министер за одбрана.

XS
SM
MD
LG