Достапни линкови

Над 300 мртви во најновите судири во Јужен Судан


Судан, илустрација

Над 300 луѓе се убиени во последните судири меѓу заедниците во Јужен Судан, соопштија денеска официјалните лица. Десетици куќи се уништени во судирите, ограбени се магацини на хуманитарни организации и киднапирани се повеќе жени и украден поголем број на добиток, пренесе АП.

Меѓу убиените имало тројца хуманитарни работници. Најновите судири избувнаа во саботата меѓу пасторалистите, кои претежно се одгледувачи на добиток и земјоделците на североистокот на земјата. Иако договорот за ставање крај на шестгодишната граѓанска војна беше потпишан во февруари, помали судири избувнаа спорадично, при што, од тогаш до мај, загинаа околу 800 луѓе.

XS
SM
MD
LG