Достапни линкови

Ковид-19: Оздравени 11, новозаразени 40 и еден починат


Клиника за инфективни болести во Скопје

Министерството за здравство информираше дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 11 оздравени пациенти (Скопје-2, Штип-1, Прилеп-4, Велес-2, Кочани-2), 40 новозаразени и еден починат пациент.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во Скопје состојби почина 56 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 12 мај. Во изминатите 24 часа направени се 549 тестирања, а регистрирани се 40 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-26, Куманово-1, Прилеп-1, Тетово-10, Велес-1, Битола-1. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1898, бројката на оздравени пациенти е 1378, на починати е 111, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 409“, соопшти МЗ.

Во последното деноноќие се направените 549 теста, а досега во земјата се направени вкупно 23316 тестирања на Ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 209 теста се во рамките на скринингот. Денеска е потврден 1 позитивен случај-вработен во градинка во Скопје.

XS
SM
MD
LG