Достапни линкови

Архимандрит Партениј e нов епископ на МПЦ-ОА


Архимандрит Партениј

На денешната седница на Светиот архиерејски синод, игуменот на Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“, високопреподбниот архимандрит Партениј, беше едногласно избран за нов епископ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, јави МИА.

Од Синодот информираа дека отец Партениј бил предложен за нов владика од страна на неговиот надлежен архиереј, митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, а едногласно потврден од сите членови на Синодот на МПЦ-ОА. Неговата хиротонија е закажана за 12 јули годинава, на празникот на светите апостоли Петар и Павле, во храмот „Света Софија“ во Охрид.

Отец Партениј ќе биде викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија, со титула „Епископ Антаниски“ (според македонскиот антички град Антанија, кој бил епископско седиште), но истовремено ќе ја задржи и својата должност како игумен на Бигорскиот Манастир, каде што ќе биде и неговото постојано седиште.

XS
SM
MD
LG