Достапни линкови

Платформа за нови пазари за македонската индустрија


Министерата за финансии Нина Ангеловска

До септември се очекува да биде подготвена новата дигитална платформа која ќе им помогне на домашните индустриски комапнии да освојуваат нови пазари, најавија денеска министерата за финансии Нина Ангеловска и министерот за економија Крешник Бектеши.

За платформата преку Министерството за економија се планирани еден милион евра од третиот сет владини мерки, а за утре е закажан состанок со претставници од текстилната и чевларската индустрија, како и со претставници од стопанските комори, на која ќе се дискутира за развој на платформата. Идната недела, пак, за платформата ќе се разговара со претставници на индустријата за мебел и за ПВЦ производи.

„Преку развивање дигитална платформа, овие компании ќе ја зголемат конкурентноста и ќе мождат да достигнат до нови пазари и нови потрошувачи. Веќе утре во Министерството за финансии имаме средба со претставниците на овие гранки, за да им ја претставиме мерката и за да ги преземеме понатаму потребните чекори за ставање на функција на оваа мерка“, рече министерката Ангеловска.

XS
SM
MD
LG