Достапни линкови

Синдикатите бараат недела да биде неработен ден за сите


Претседателот на ССМ, Дарко Димовски

Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) смета дека здравствена криза предизвикана од КОВИД-19 покажа дека повеќе од потребно е недела да биде неработен ден за сите работници.

„Во изминиот период видовме дека со прогласените мерки и полицискиот час кој траеше за време на викендите целокупното општество може да фукционира и доколку недела е прогласен за неработен ден“, соопшти ССМ.

Воедно потсетува дека покрај другите предлози за унапредување на работното законодавство во насока на заштита на работничките права и обезбедување баланс меѓу работата и семејството, ССМ веќе предложи ден на неделен одмор да бидат и сабота и недела.

„Традиционално во нашата држава и во државите на нашето опкружување се прифаќа дека саботата и неделата се денови на неделен одмор заради почитување на семејните традиции и заштита на правата што е во согласност со Конвенцијата на МОТ бр.106 за неделен одмор. Анализите и примерите покажуваат дека работникот ќе биде попродуктивен ќе има повеќе време за семејството, за одмор и професионално надградување и дообразување, поврзано и со здравјето на работниците, а обврските можат да се завршат во текот на неделата, а истовремено да не трпи ниту бизнисот, ниту работниците и граѓаните“, оценува Сојузот.

XS
SM
MD
LG