Достапни линкови

Трамп: Самитот на Г7 може да биде во „Кемп Дејвид“


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп ја најави можноста за одржување на самитот на Г7 во јуни во „Кемп Дејвид“, наместо најавената видео конференциска средба поради пандемијата на коронавирусот. Трамп на Твитер напиша дека размислува „да го одржи Г7 на ист или сличен датум во „Кемп Дејвид“, легендарно место“.

Видео состанок на лидерите на Г7 за коронавирусот

Американскиот претседател процени дека тоа ќе биде „одличен симбол за целиот свет“. „Нормализација!“, пишува Трамп. Во средината на март Белата куќа објави дека ќе се откаже од организирање на самитот заради пандемијата. Во официјалната резиденција за одмор на американските претседатели, Кемп Дејвид се наоѓа во; планински дел од државата Мериленд и е изолирано место што е лесно да се обезбеди.

XS
SM
MD
LG