Достапни линкови

Осум нови мерки за помош на аграрниот сектор


Tретиот столб од новиот сет мерки предвидува директна поддршка за земјоделците за нови приходи и опфаќа повеќе клучни мерки, објави денеска премиерот Оливер Спасовски.

„Мерките се: Поддршка на аграрниот сектор од 5 милиони евра преку Развојната банка, платежна картичка за субвенционирање на 50% од зелената нафта за земјоделците, стимулирање на преработувачите на грозје за производство на нови продукти, овозможување јавни приватни партнерства во лозарството и тутунскиот сектор, долгорочен закуп на пасишта, понуда за окрупнување на земјоделско земјиште за поголема конкурентност на македонското земјоделство, програма за финансирање на микро земјоделски компании и мерки за модернизација на земјоделство“, објави премиерот на неговиот официјален фејсбук профил.

Мерките за директна поддршка на земјоделците се дел од третиот сет владини мерки за справување со економските последици од корона пандемијата.

XS
SM
MD
LG