Достапни линкови

САД ќе донираат респиратори на Русија


Респиратор. Илустрација.

САД ќе донираат 200 респиратори на Русија, откако во земјата е забележано зголемување на нови случаи на коронавирус, објави „Гласот на Америка“. Првите 50 респиратори ќе бидат испратени во Москва следната недела.

Американскиот претседател Доналд Трамп за време на телефонскиот разговор на 8 мај со неговиот руски колега Владимир Путин понуди да испрати респиратори додека земјата забележа рекорден број на заболени од вирусот. Трамп подоцна рече дека Путин ја прифатил понудата. Русија не го потврди извештајот на Гласот на Америка.

Русија е втора земја по вкупно најмногу пријавени случаи на КОВИД-19 по порастот на нови инфекции во текот на изминатиот месец. САД имаат најголеми број на пријавени случаи на глобално ниво. Русија во април испрати респиратори во Соединетите Држави, бидејќи градовите како Њујорк се соочија со недостиг.

XS
SM
MD
LG