Достапни линкови

Жбогар: Правната заштита од дискриминација на ЛГБТИ лицата е клучна


Евроамбасадорот Самуел Жбогар

Евроамбасадорот Самуел Жбогар по повод Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата порача денеска дека правната заштита од дискриминација на ЛГБТИ лицата е клучна во секое демократско општество. Оттука според него, и потребата од ефективно антидискриминациско законодавство, во кое сексуалната ориентација и родовиот идентитет, меѓу останатото, претставуваат правна основа за заштита.

Тој истакнува дека пред неполна година, Северна Македонија успешно ја организирала првата Парада на гордоста, а се подготвува регулирање на процедурите за признавање на родот. Граѓанското општество и полицијата, според него, почнале соработка во однос на процедурите во врска со ЛГБТИ лицата. Сепак, како што посочува Жбогар, говорот на омраза и предрасудите во општеството кон ЛГБТИ лицата се присутни, особено на социјалните мрежи.

„Сторителите на нападите врз ЛГБТИ-центарот во Скопје од пред неколку години се’ уште не се идентификувани и изведени пред лицето на правдата. Постојат извештаи дека трансродови лица биле предмет на негативен однос од страна на медицински лица и дека немаат целосен пристап до здравствени услуги. Тоа не смее да се случува“, вели Жбогар.

ОН: ЛГБТИ луѓето се особено ранливи за време на пандемијата

Меѓународниот ден против хомофобијата, бифобија и трансфобијата ја одбележува одлуката на Светската здравствена организација пред 30 години да ја отстрани хомосексуалноста од списокот на болести. Денот има за цел да ја промовира свеста за правата на сексуалните малцинства.

XS
SM
MD
LG