Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Фирми блиски до Заев добиле лиценци за марихуана


Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на денешната прес-конференција обвини дека две фирми блиски до лидерот на СДСМ, Зоран Заев добиле лиценци за одгледување на марихуана. Тој рече дека станува збор за фирмите Еко Енерџи-Космос од Зубово- Ново Село и фирмата Лајтинг Лукс од Струмица.

Според него, во фирмата Еко Енерџи-Космос управител е синот на градоначалникот од Ново Село, близок до Заеви, а еден од сопствениците на истата фирма е Христијан Котев, син на претседателот на СДСМ Ново Село, Тони Котев.

Во другата фирма, како што наведе тој, сопственик и управител е Славица Котева, инаку братучетка на Претседателот на СДСМ Ново Село и тетка на сопственикот на првата фирма Еко Енерџи-Космос која што исто така доби лиценца.

„Инаку сите гореспоменати се блиски до семејството Заеви, имено до браќата Зоран и Вице Заеви. Е ова е правото лице на СДСМ. За жал ова е и правото лице на Венко Филипче, кој е можеби и највиновниот за доделување на овие 2 лиценци имајќи во предвид дека овие лиценци ги доделува ресорното министерство за здравство, па дури потоа Владата ја гласа одлука. За жал наместо Венко Филипче да се бори за здравјето на граѓаните, Филипче одработува за фамилијата Заеви“, рече Арсовски.

XS
SM
MD
LG