Достапни линкови

Ослободени од притвор епископот и свештениците во Црна Гора


Епископот Јоаниикие и осумината свештеници по осолободувањето од притвор

Епископот Јоаникие и осумината свештеници на Српската православна црква во Црна Гора се ослободени од притвор, кои беа приведени поради прекршување на забраната за јавни собири, бидејќи вов торникот организираа поворка во Никшиќ.

Во судири со верниците во Никшиќ повредени 22 полицајци

Епископот Јоаникие по неговото ослободување синоќа дојде пред насобраните граѓани пред зградата на обвинителството, кои го поздравија со паролите „Да живее епископот“ и „Не ги даваме светилиштата“. Тој им порача дека нивната поддршка е израз на љубовта кон црквата.

Митрополитот Амфилохија пред Судот: Јас сум главниот виновник

Митрополитот на Српската православна црква во Црна Гора, Амфихолије претходно побара од државните органи веднаш да ги ослободат од притвор епископот и свештениците. Владиката Амфилохије зборувајќи на мегафон пред насобраните демонстранти пред судот изјави дека власта со апсењето на свештениците подготвува граѓанска војна.

XS
SM
MD
LG