Достапни линкови

Орбан ќе се откаже од пандемискиот декрет


Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека планира да се откаже од пандемискиот декретдо крајот на овој месец, декрет кој предизвика лавина од критики поради огромните овластувања. Тој предденешната посета на Белградна социјалната мрежа Фејсбук напиша дека ќе се одрекне од многу критикуваните итни овластувања кои му ги даде мнозинството во Парламентот за да се бори против пандемијата со Ковид 19. По средбата со српскиот колега Александар Вучиќ изјави дека „ ќе им даде шанса да и се извинат на Унгарија за неправедните обвинувања“.

„Нема основ за критики, и штом тие се извинат, очекуваме и нивни восхитување за успехот на одбраната на Унгарија против вирусот“ изјави тој.

Според официјалните податоци од Унгарија, досега прикажале дека имаат вкупно 3 417 заболени од Ковид 19 и 442 смртни случаи.

XS
SM
MD
LG