Достапни линкови

Ер Србија од 7 јуни ќе лета до Скопје


Авио компанијата „Ер Србија“ од 7 јуни ќе ја врати линијата Белград- Скопје. Ова го јави МИА, повикувајќи се на објавениот распоред на летови за периодот од 21 мај до 14 јуни, објавен на веб-страницата на „Ер Србија“. Според распоредот, од 1 јуни „Ер Србија“ ќе лета кон Подгорица и Тиват, од 4 јуни до Сараево, а од 5 јуни до Бањалука и Љубљана.

Компанијата објави дека од 21 мај ќе ги врати летовите на ограничен број дестинации, кон Лондон, Цирих, Франкфурт и Виена и оти овие летови ќе бидат редовни. Бројот на неделни летови ќе зависи од побарувачката на патниците, но и од ограничувањата на регулаторните тела во земјите кон кои лета „Ер Србија“, соопшти претставник на авио компанијата.

XS
SM
MD
LG