Достапни линкови

Јанша: Крај на епидемијата во Словенија најверојатно на 31 мај


Словенечкиот премиер Јанез Јанша од Собранието порача дека земјата најверојатно на 31 мај ќе прогласи крај на епидемијата поради коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана. Според Јанша ова нема да се случи единствено ако има неочекувано влошување на ситуацијата, односно ако се појават голем број новозаразени.

„Словенија за точно два месеци успеа да ја совлада епидемијата и моментално има најдобра епидемиолошка слика во Европа, а тое е услов да прогласиме крај на епидемијата на коронавирусот. Датумот 31 мај е одбран бидејќи тогаш завршува и поддршката предвидена со двата Закон во помош на граѓаните и економијата погодена од глобалната пандемија“, изјави Јанша.

Премиерот, сепак, кажа и дека опасноста од втор бран е реален и дека земјата влегува во нова фаза во долгата борба со заразата. Јанша потврди и дека по прогласувањето на крај не епидемијата, заштитните превентивни мерки ќе останат, јави МИА.

XS
SM
MD
LG