Достапни линкови

Гутереш предупреди на психолошкото страдање како резултат на кризата


Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги повика владите, граѓанското општество и здравствените власти итно да одговорат на потребите на ментално здравје кои произлегуваат од пандемијата на коронавирусот и предупреди дека психолошкото страдање се зголемува. Тој посочи на „тага поради загубата на најблиските, шок поради загубата на работа, изолација и ограничувања на движењето, тешка семејна состојба и неизвесност и страв за иднината“.

ОН: пад од 3,2 проценти на светската економија во 2020 година

Гутереш во видео пораката доцна синоќа рече дека „по децении занемарување и недоволна инвестиција во услугите за ментално здравје, пандемијата на ковида-19 сега ги погодува семејствата и заедниците со дополнителен ментален стрес“. Тој оцени дека помошта им е најпотребна на оние кои сега се наоѓаат во најголема опасност, постарите здравствени работници, постарите лица, адолесцентите, младите луѓе и оние кои веќе имаат проблеми со менталното здравје.

XS
SM
MD
LG