Достапни линкови

Пауел: Потребен е дополнителен пакет финансиска помош


Џером Пауел

Американскиот Конгрес можеби ќе треба да одобри дополнителен пакет помош за економијата за да спречи долгорочни штети предизвикани од пандемијата на корона вирусот, изјави шефот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел. Тој потсети дека Конгресот веќе одобри стимулативен пакет од 2,9 илјади милијарди долари. Во исто време, Федералните резерви на САД интервенираа со намалување на каматните стапки, зголемување на заемите и откуп на долговите.

„Ова е најголемиот шок што нашата економијата ја чувствува во модерното време и затоа е најголемата фискалната одговорност“, рече Пауел за време на говорот во Институтот Петерсон, додавајќи дека ќе биде потребна дополнителна помош.

„Дополнителната фискална поддршка може да биде скапа, но е исплатлива доколу може да помогне да се избегнат долгорочни економски штети и да ни овозможат да се опоравиме силно“, порача шефот на ФЕД.

Според него, Конгресот треба да го процени тоа, но тој предупреди дека без вакви мерки рецесијата може да биде уште подлабока и подолга, бидејќи домаќинствата и компаниите ќе се соочат со банкрот, а ќе сбиде оневозможено создавањето нови работни места.

XS
SM
MD
LG