Достапни линкови

Пет оздравени, 10 новозаразени и еден починат


Прес-конференција на министерот за здравство венко Филипче

Во последното деноночие се регистрирани 10 новозаразени со коронавирус, од кои шест од Скопје, двајца од Куманово и по еден случај во Прилеп и во Велес, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

„На Инфективната клиника во Скопје од коронавирусот починал еден пациент од Делчево, на 60 годишна возраст. Филипче рече дека пациентот имал малигни болести. Во последниве 24 часа регистрирани се пет оздравени пациенти, а направени биле вкупно 189 тестови“, информираше министерот на денешната прес-конференција.

Вкупната бројка на заболени од коронавирусот во земјава, со последните податоци, изнесува 1.674. Од нив, 1.205 се оздравени, 92 лица починале, а активни случаи има 377.

XS
SM
MD
LG