Достапни линкови

Трамп прекина прес-конференција: Прашајте ја Кина!


Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа ненадејно ја прекина прес-конференцијата во Белата куќа по жестоката конверзација со новинарките Ваија Jианг од Си-би-Ес њуз и Кајтлан Колинс од Си-Ен-Ен, пренесе АП.

Јианг го праша Трамп зошто тој става толку голем акцент на количината на тестови за коронавирус што се спроведени во САД, а потоа и зошто моменталната криза ја гледа како меѓународен натпревар, кога починаа повеќе од 80.000 Американци.

„Можеби тоа прашање би требало да ѝ го поставите на Кина. Не ме прашувајте мене, прашајте ја Кина, во ред?“, ѝ одговори Трамп на новинарката, која е родена во Кина, а во САД имигрирала на две години.

Тој се обиде да премине на прашања на други новинари, но Јианг се вмеша и го праша зошто тој одговор е упатен конкретно кон неа.

„Не го кажувам тоа на никого посебно, го кажувам на кого било кој поставува грдо прашање“ рече Трамп по што ја прекина прес-конференцијата.

XS
SM
MD
LG