Достапни линкови

СДСМ и коалицијата: избори на 14 јуни


Архивска фотографија- претседателот на СДСМ Зоран Заев

Да се искористи моментот на олабавување на коронавирусот и да се оди на избори во средината на јуни, поточно на 14 јуни, е заедничкиот став на коалицијата „Можеме“ што се изгради на денешниот состанок на претседателите на партиите од коалицијата во седиштето на СДСМ, а кој ќе биде претставен на лидерската средба во вторник кај претседателот Стево Пендаровски.

„Заклучивме дека на државата и се потребни избори веднаш штом се создадат услови за нивно одржување. Доколку продолжи да се намалува заразата тоа е најдобро од здравствен и економски апсект. Добро е да се одржат во такви услови зашто не се загорозува здравејто на граѓаните, посебно што на есен се очекува нов пик. Тоа би и дало можност на држата подобро да се подготви за новиот бран со Собрание и функционални инситуции“, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев по средбата.

Тој нагласи дека кризата со коронавирусот остави сериозни последици на економијата и затоа, како што кажа, се потребни Собрание и Влада со целосен легитимитет за да можат да преземат соодветни чекори за нејзино надминување.

Партиските лидери на 12 мај треба да се сретнат кај претседателот Пендаровски. Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски неодамна рече дека најдобар период за избори е првата половина на јули, а од ДУИ соопштија дека е неопходно да се исполнат два услова: да нема опасност за граѓаните и да има набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР.

XS
SM
MD
LG