Достапни линкови

Државите кои ги олеснија мерките, стравуваат од нови кластери заболени


Германија- кафуле во Келн

Земјите кои најмногу се погодени од коронавирусот во Азија, Европа и Северна Америка се борат со тоа да ги олеснат мерките за бизнисот и јавнта активност без да предизвикаат повторен бран на вирусот. Во Јужна Кореја, локалните власти на главниот град Сеул вчера затворија повеќе од 2100 барови и други ноќни клубови откако се појави нов кластер на заболени од коронавирус.

Вирусот повторно изби и во кланици во Германија, а италијанските власти се загрижени дека граѓаните се собираат во кафулињата на првиот викенд по олеснувањето на мерките и дека со тоа може повторно да се јават нови кластери.

Во Соединетите Американски Држави тројца членови на тимот за борба против коронавирусот на Белата куќа се позитивни на Ковид19. Вестите за нивната одлука за самоизолација доаѓаат во исто време кога бројот на заболени во светот надмина четири милиони луѓе, а повеќе од 280 000 умреа. Американските бизнисмени продолжуваат да бидат во тешка состојба и покрај тоа што многу држави постепено ги намалуваат рестрикциите во обид да го намалат економското назадување предизвикано од невработеноста која достигна 14,7 отсто.

XS
SM
MD
LG