Достапни линкови

Нови „бомби“ за Заев, тој со саркастична реакција


Архивска фотографија- претседателот на СДСМ Зоран Заев

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук саркастично реагира на објавата на аудио снимки во кои се тврди дека се слуша неговиот глас.

„После внимателно и детално размислување за тоа кој би бил мотивиран да ги пушти овие денешни разговори во јавност, конечно сфатив. Јасно е. Мора да е или Ацко Поповски, шефот на ПР на СДСМ или Марјан Забрчанец, шефот на ПР на Владата. Мора да е некој од нив двајца. Нема кој друг да е мотивиран да пушти вакви разговори во јавност. Тие се задолжени и тие најмногу работат за афирмација на нашите политики и ставови“, напиша Заев.

И од неговата партија со сличен тон, преку соопштение наведуваат дека во аудио разговорите, Заев категорично потврдувал дека не постојат разговори кои се дадени на никаков Чауш и на никој друг освен на СЈО.

„Разговорите потврдуваат дека граѓанскиот сектор е најсилниот поддржувач на правдата, на борбата против режимот и концептот едно општество за сите. Тоа се политиките кои ги поддржува граѓанскиот сектор“, наведуваат од СДСМ.

Претходно на Јутјуб излегоа снимки кои ги објави порталот Инфомакс. Во четирите аудио записи кои траат по неколку секунди се вели дека се слуша Заев со соговорник. Дел од разговорите од записите порталот наведува дека се однесуваат на изборите во 2016 година. Во нив гласот за кој се вели дека е на Заев наводно зборува за граѓански организации кои се под негова контрола, како и за нелегално прислушуваните материјали кои ги поседуваше СДСМ и за лицето Захир Беќири Чауш.

XS
SM
MD
LG