Достапни линкови

Поради коронавирусот поинаква церемонија во Русија за одбележување на Денот на победата над фашизмот


Москва- руската авијација го одбележува Денот на победата,09.05.2020

Рускиот претседател Владимир Путин положи цвеќе на споменикот на Гробот на незнајниот војник во Москва на 75 годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Од таму тој и се обрати на нацијата нагласувајќи колку значаен е овој празник за Русија и побара од Русите секогаш да се сеќаваат на нивните херои од војната во која загинаа околу 27 милиони советски државјани.

Исто така над Црвениот плоштад се одржа прелет на 75 руски воени авиони, а на телевизија се прикажува парадата од 1945 година заедно со други филмови и програма кои треба да бидат замена за грандиозната воена парада која секоја година се одржува на Црвениот плоштад во Москва, а годинава е откажана поради пандемијата од коронавирусот.

Русија во последниве денови регистрира повеќе од 10 000 случаи дневно, а бројот на заболени од коронавирусот во земјата е над 180 000.

За одбележувањето на Денот на победата над фашизмот Путин вчера им испрати телеграми на американскиот претседател Доналд Трамп и на британскиот премиер Борис Џонсон, а зборуваше и и телефонски со двајцата сојузници од Втората свестка војна за да им ја честита победата.

XS
SM
MD
LG