Достапни линкови

Оздравени 20, еден починат и 14 новозаразени


Клиника за инфективни болести во Скопје

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 20 оздравени пациенти во Скопје-1, Куманово-9, Прилеп-2, Велес-7 и Битола-1, а во ГОБ „8 Септември“ починал пациент од Тетово на возраст од 61 година, хоспитализиран на 28 април.

„Во изминатите 24 часа направени се 242 тестирања, а потврдени се 14 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-5, Прилеп-2, Тетово-1 и Велес-6. Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1586, бројката на оздравени пациенти е 1099, на починати е 90, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397“, соопшти МЗ.

XS
SM
MD
LG