Достапни линкови

СЗО бара крајно внимателно да се олабавуваат мерките за коронавирусот


Светската здравствена организација предупреди дека земјите кои ги укинуваат ограничувања за запирање на коронавирусот, мора да го прават тоа „крајно внимателно“ или ќе ризикуваат брз пораст на нови случаи. Генералниот директор Тедрос Аданом Гебрејезус изјави дека земјите треба да се осигурат дека имаат соодветни мерки за контрола на ширењето на респираторната болест ковид-19 како системи за следење и обезбедување карантин.

Олабавување на мерките за коронавирусот - прерано или пребавно?

Епидемиологот на СЗО, Марија Ван Керкхове пак во врска со болеста која зарази 3,71 милиони на глобално ниво и уби повеќе од 258.000 луѓе реќе: „Ако мерките за заклучување се укинат премногу брзо, вирусот може да се рашири. Заклучувањата наредени од владите станаа непопуларни, бидејќи земјите трпат зголемена невработеност и запрена економска активност.

XS
SM
MD
LG