Достапни линкови

Уставниот суд утре ќе реши како ќе постапи за распуштањето на Собранието


Архивска фотографија - Уставен суд на седница за Законот за амнестија

Претседателот на Уставниот суд на, Сали Мурати во интервју за МИА најавува дека утре, по завршувањето на седницата, на работен состанок ќе се расправа по предлогот на судијата Осман Кадриу за поведување постапка по службена должност за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието.

„По однос на Одлуката за распуштање на Собранието, објавена во Службен весник на РС Македонија бр. 43/2020, во моментот нема оформен предмет за оценување нејзина уставност и законитост“, вели Мурати и додава дека понатамошното постапување на Судот по ова прашање ќе зависи од ставот што ќе го заземат уставните судии на утрешниот работен состанок.

XS
SM
MD
LG