Достапни линкови

СЗО - Шпекулација е дека вирусот потекнува од лабораторија во Вухан


Седиштето на СЗО.

Светската здравствена организација (СЗО) вели дека е шпекулативно тврдењето на САД дека коронавирусот потекнува од лабораторија во кинескиот град Вухан. Од СЗО велат дека од САД не добиле докази со кои се поткрепува таквото тврдење.

Светската здравствена организација повика истрагата за потеклото на вирусот да биде научно-базирана, а не на политичка.

Коментарите на СЗО доаѓаат откако американскиот државен секретар Мајк Помпео на 3 мај рече дека има „значителен број докази“ дека новиот коронавирус излегол од лабораторија во Вухан, иако тој не даде детали.

Кинескиот државен радиодифузер претходно на 4 мај остро ги критикуваше коментарите на Помпео. Тврдењето дека вирусот излегол од лабораторија во Вухан е целосна лага, тврди кинескиот радиодифузер.

Од појавувањето на вирусот во Вухан, во декември, вирусот уби повеќе од 248 илјади луѓе ширум светот, повеќе од една четвртина од нив во Соединетите Држави.

Кина и САД се обвинија меѓусебно за ширење дезинформации во врска со потеклото на коронавирусот.

XS
SM
MD
LG