Достапни линкови

Оздравени 47, 1 починат и 7 новозаразени со коронавирус


Клиника за инфективни болести во Скопје

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 47 оздравени пациенти во: Скопје-9, Куманово-9, Прилеп-8, Тетово-13, Охрид-1, Гостивар-5, Кочани-1 и Крива Паланка-1.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Скопје на 65 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката од 27 април. Во изминатите 24 часа направени се 113 тестирања, а потврдени се 7 нови случаи на Ковид-19. Со ова, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1518, бројката на оздравени пациенти е 992, на починати е 85, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 441“, соопшти МЗ.

До сега во земјата се направени вкупно 17359 тестирања на Ковид -19.

XS
SM
MD
LG