Достапни линкови

Над 2.500 луѓе починале во САД во последните 24 часа од ковид-19


Детроид, САД

Повеќе од 2.500 луѓе починале во САД во последните 24 часа, според универзитетот Џон Хопкинс. По двата дена на намалена смртност од ковид-19, во последните 24 часа во Соединетите држави починале 2.502 лица, така што вкупниот број на смртни случаи е 60.853.

Во САД, повеќе од милион луѓе се заразени со коронавирусот

САД со повеќе од еден милион заразени се најпогодени од епидемијата во светот. Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека „вирусот ќе замине“ и ќе биде искорен, без да прецизира на кој начин.

XS
SM
MD
LG