Достапни линкови

Уапсени 3600 лица во Иран за ширење гласини за коронавирусот


Коронавирус. Илустрација.

Иранските вооружени сили соопштија дека дека 3.600 луѓе се уапсени во земјата за ширење гласини за пандемијата на коронавирусот. Портпаролот на вооружените сили, генералот Абофазл Шекарчи, порача дека „непријателите“ на исламската република имаат „елементи“ во земјата кои ги следат нивните барања.

Шеркачи посочи дека неименуваните непријатели се обидуваат да ја повредат земјата поради нејзиниот „многу добар“ настап против појавата на коронавирус, од кој починаа скоро 6.000 Иранци, а заразени се над 93.500.

Техеран е критикуван за првичниот бавен одговор на пандемијата и неуспехот да се се стави во карантин градот Ком, каде избувна епидемијата и се прошири во остатокот од земјата.


XS
SM
MD
LG