Достапни линкови

Здружението на судии го поддржа Уставниот суд да не се кратат платите


Архивска фотографија - Уставен суд на седница за Законот за амнестија

Здружението на судии, кое беше еден од иницијаторите против уредбата за кратењето на платите на минималец како една од вонредните мерки за справување со пандемијата, смета дека е во ред одлуката на Уставниот суд за запирање на кратењето на платите на судиите, функционерите, пратениците...

Здружението се надева на истрајност на Уставниот суд докрај, сè до носењето на конечната одлука на Уставниот суд против владината Уредба со која само за април и мај, во знак на солидарност кон приватниот сектор и потребите на лекарите кои се борат со пандемијата со коронавирус, требаше да им ги скрати платите на уставните судии, судиите и обвинителите, пратениците и директорите на ниво на минималната плата од 14.500 денари.

„Тргнувајќи од ова Решение на Уставниот суд, а по повод поднесената Иницијатива, Управниот одбор на Здружението на судиите, очекува и во натамошниот тек на постапката да преовладуваат правните аргументи, со што ќе се почитува владеењето на правото и правната држава. Имајќи ја предвид ваквата сензитивна состојба, притоа покажувајќи целосна солидарност за потребата од соодветна партиципација, без оглед на фактот дека постапката пред Уставниот суд не е окончана, Управниот одбор на Здружението на судиите донесе Одлука судиите да издвојат најмалку 20% од нивната плата, за месеците април и мај 2020 година, за сметка на Солидарниот фонд за справување со вирусот КОВИД-19“, соопшти Здружението на судии, по денешната седница на управниот одбор“, соопшти Здружението на судии.

XS
SM
MD
LG