Достапни линкови

Нови правила за фирмите и за државната помош


Микро и малите фирми кои користат владини мерки за финансиска помош ќе можат да го намалат бројот на вработени до 15%, средните до 10% и големите до 5%, рече министерката за финансии, Нина Ангеловска, на денешната прес конференција, на која беа презентирани новите владини мерки. Претходно важеше правилото ако користи владина помош, работодавачот треба да го задржи истиот број на вработени два месеца по користење на мерката, односно до јули.

Со новите мерки, како што информираше министерката, микро, малите и средните претпријатија нема да треба да ги вратат средствата добиени како финансиска помош од владата ако ги исполнат условите: Да имаат добивка претходните две години, да не се на листата должници на УЈП, да не доцнат со плаќање на кредитите подолго од 90 дена од денот на достасување на обврската и да инвестираат еднаков или поголем износ на добиената поддршка во тренинзи на вработени, надградба на процеси, продуктивен капитал...

Според неа, направено е подобрувања на условите на мерката за финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен – со поголема флексибилност во условот за одржување на бројот на вработени, можност за комбинирање на мерката со мерката „50% субвенции на придонеси“ за најпогодените сектори и можност помошта да се трансформира во грант – неповратни средства.

Министерката додаде дека очекува после ова да има критика „зошто менувате“: Сега може да биде критиката дека менуваме, а ако не сменевме, критиката да биде зошто не променивте.

XS
SM
MD
LG