Достапни линкови

ЗНМ: Поднесени тужби за нападите врз новинари на 27 април


Архивска фотографија од упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

Здружението на новинарите на Македонија информираше дека денеска се поднесени тужби за нападите врз новинарите на 27 април 2017 година, при насилствата во Собранието. ЗНМ потсетува дека на 27 април, пред три години, се случи „крвавиот четврток“, кога поголема група, како што велат од ЗНМ, „поддржувачи на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ упадна во Собранието на Македонија, при што беа нападнати новинари, сниматели, пратеници и останати функционери.

„Во име на одбележување на овој црн ден за демократијата и застапување на слободата на изразувањето и безбедноста на новинарите, група новинари, помогнати од ЗНМ преку адвокатската канцеларија Медарски денеска поднесe тужби. Тужбите против државата, се поднесени за утврдување на повреда на правото на слобода на изразување и за надомест на нематеријална штета. Овие тужби следат по претходен повик кој го имаше ЗНМ со цел обезбедување на правна помош за новинарите и медиумските работници кои беа нападнати или им беше уништена опрема во Собранието за време на тој немил настан“, соопшти ЗНМ.

Од Здружението додаваат дека „Основното јавно обвинителство застана во заштита на дел од политичарите и против дел од нивните напаѓачи беа преземени мерки по службена должност по што следеа и затворски казни од страна на судот“.

XS
SM
MD
LG