Достапни линкови

Рекордни воени трошоци во светот


СИПРИ - илустрација

Воените трошоци во светот во минатата година достигнаа 1,92 трилиони долари. Тоа е најголем пораст за една деценија, соопшти Меѓународниот институт за истражување на мирот со седиште во Стокхолм. Првите пет земји по воени трошоци се САД, Кина, Индија, Русија и Саудиска Арабија и тие учествуваат со 62 проценти од глобалните воени трошоци во 2019 година. Споредено со 2018 година, вкупното глобално воено трошење се зголеми за 3,6 проценти и претставува најголем годишен раст на трошењето од 2010 година.

НАТО и Русија се за соработка, но...

Американските воени трошоци се зголемија за 5,3 проценти на 732 милијарди американски долари. Воените трошоци на Кина достигнаа 261 милијарди долари или за 5,1 процент пораст во однос на претходната година. Русија, има воени трошоци од 65 милијарди долари, што претставува зголемување од 4,5 проценти во однос на 2018 година. Во меѓувреме, сите земји-членки на НАТО во комбинација потрошија 1,04 трилиони долари. Во 2019 година Бугарија ги зголеми трошоците за 127 проценти, како резултат на набавката на нови борбени авиони, а Романија потроши 17 проценти повеќе.

XS
SM
MD
LG