Достапни линкови

Кина 10 дена без смртен случај од коронавирус


Архивска фотографија: Заболени од коронавирус во болница во Кина

Кина денеска десетти ден по ред не пријавила ниеден смртен случај од последици на заразата со коронавирус.

Властите во Пекинг потврдија дека заразата во изминатите 24 часа е потврдена кај 12 луѓе, од кои 11 се вратиле од странство. Во кинеските болници има 838 пациенти заразени со коронавирус, додека уште околу 1000 луѓе се во изолација и под надзор, зашто има сомнеж дека се заразени или биле позитивни на тестирањето, но немаат симптоми.

Кина, од каде што се прошири коронавирусот низ светот досега има регистрирано скоро 83 илјади луѓе кои биле позитивни на коронавирусот, од кои починале 4632 луѓе.

XS
SM
MD
LG